МЕМОРИЈАЛЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР - ДРАГАН ВАСИЛОВ ЦЕВКА

ЗА ТУРНИРОТ

„Драган Василов Цевка“ е еден од најголемите меѓународни турнири во кошарка за млади. Турнирот го носи името на еден од прерано починатите македонски тренери кој беше синоним за развој на младинска кошарка во југоисточниот регион. Ќе остане запаметен како личност посветена на работата со ведар карактер, многу духовита и позитивна личност. Затоа неговото дело треба да продолжи преку овој турнир кој ке остане во секавање и спомени на следните генерации.
Mеморијалниот кошаркарскиот турнир Драган Василов – Цевка преставува проект кој треба да прерасне во традицијален турнир за кошаркари од 12 до 16 години, каде што секоја годината ќе се одржува на територијата во Општина Аеродром.

Како носител на проектот во стручниот дел на турнирот е кошаркарскиот клуб Некст Старс од Аеродром, додека целокупната подршка околу техничкиот дел е на здружението меморијален турнир Драган Василов – Цефка.

Концептот на турнирот е работен по ликот и делото на Драган Василов – Цефка, кој беше еден од најдобрите кошаркарски тренери за млади категорииво таа возрасна генерација. Турнирот е планиран да се одржи во месец Септември 2021 година, со учество на најмалку 8 екипи кој ке бидат поделени во две групи, а возраста на кошаркарите ке бидепомеѓу 12 и 16 години ( родени 2006 и помлади ).

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Дараган Василов - Цефка е роден на 2.07.1956 година во Скопје. Дипломирал на факаултетот за физичка култура на универзитетот св.Кирил и Методиј во Скопје.

Како играч ги има поминато сите селекции во КК Работнички, бил репрезентативец на Македонија во сите селекции во бивша Југославија, и член на поширокиот список од 16-те играчи во кадетската и јуниорската селекција на Југославија. Неговото работно искуство во образование започнува како професор по физичко и здравствено образование во Средното стручно училиште „ Димитар Влахов“ и ОУ „Ѓорѓија Пулевски“(тогашно О.У „Едвард Кардељ“). Оваа функција ја обавува успешно од 1983 година до 1995 година, кога од Министерството за образование, го префрла во К.К.„Работнички“ како професионален кошаркарски тренер.  
КАКО ТРЕНЕР РАБОТЕЛ
  • 1985-2001 Координатор на сите млади категории и помошник тренер на првата екипа во КК Работнички-Скопје
  • 1999 Селектор на кадетската репрезентација на Македонија на европското првенство во Словенија А дивизија (освоено 6-то место)
  • 2001 Селектор на кадетската репрезентација на Македонија за квалификација на европско првенство (Хрватска)
  • 2001-2005 Координатор на сите млади категории во КК МЗТ-Скопје
  • 2006 Сертификат од интернационалната кошаркарска академија
  • 2005-2012 Координатор на сите млади категории и помошник тренер на првата екипа во КК ТОРУС - Скопје
  • 2012-2017 и 2019-2020 Тренер во спортската академија при средното фискултурноучилиште во Р.М
  • Координатор и тренер на млади категории во КК Феникс
  • 2020 Главен тренер на националната селекција на Република Македонија за играчи родени 2008 година припреми во Маврово. (Каде за жал трагично му завршува животот)

РАБОТНО ИСКУСТВО НА КАМПОВИ И СЕМИНАРИ

  • 2001 Учесник во интернационалниот камп „Кошарка без граници“ одржан во Италија со најталентираните јуниори родени 1988 год.
  • 2001 Координатор на интернационалниот камп „Вучичи“, организиран од КК Цибона-Загреб во Вис-Хрватска
  • 2002-2003 Координатор на интернационалниот камп „Вучичи“, организиран од КК Цибона-Загреб во Шолта-Хрватска
  • 2004 Координатор на интернационалниот камп „Вучичи“, организиран од КК Цибона-Загреб во Обоњан-Хрватска
  • 2005-2006 тренер во ФИБА кошаркарскиот камп во Колиндрос-Грција
  • 2006/2007 главен тренер и координатор на кошаркарскиот камп во Кипар(грчкиот дел)
  • 2007-2008 Асистент тренер во кошаркарскиот камп во Кладово-Србија
  • 2008 Консултант и тренерво NBTC Developmental league (Филипини)
  • 2009 Консултант и тренер на NBTC програмот во Филипини
  • 2010 Одржан тренерски семинар во Исланд
  • 2008-2016 главен тренер и координатор на интернационалниот камп во Кипар(грчки дел)
  • Одржани на голем број на семинари низ градовите на Р.Македонија(Скопје,Битола,Струмица,Кавадарци,Крушево, Куманово) на тема: „Комплекс вежби за работа со млади категории“
  • Стручен советник при селекција на играчи за младите национални тимови на Република Македонија, континуирано од кадетската селекција родени 1974 до кадетска селекција родени 1997 год.
  • Предавач за едукација на тренери – Маврово и Скопје 2018/2019 година.
  • Поканет2020 како главен тренер и координатор на кошаркарскиот камп во Кипар, преку Еразмус програма (Откажано поради Ковид) 
Драган Василов – Цевка уживаше голема популарност помеѓу спортистите. Изминатите годините низ неговата тренерска работа поминале многу успешни кошаркари. Ќе остане запаметен како личност посветена на работата со ведар карактер, многу духовита и позитивна личност. Затоа неговото дело треба да продолжи преку овој турнир кој ке остане во секавање и спомени на следните генерации.
 
Никола Данев, Претседател на Кошаркарски Клуб НЕКСТ СТАРС Скопје